Tранспорт на стока (роба) со целосен комплетен товар, делумен товар и како збирна роба, односно транспорт на роба со повеќе утовари и повеќе истовари.
Вршиме диспечерски услуги во транспортниот сектор.
Главна цел ни е да ги задоволиме клиентите со нашиот транспорт.
МОТО НА НАШАТА КОМПАНИЈА Е НАВРЕМЕН, КВАЛИТЕТЕН ТРАНСПОРТ И ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ.
СИГО е транспортна компанија која е основана 11.02.2003 година во Скопје, Македонија. Од 2003 до 2008 година претежна дејност на компанијата е превоз на патници на теритиоријата на град Скопје, Македонија. Од 2008 година компанијата започнува да врши транспорт на стоки во меѓународен сообраќај на теритиоријата на Европа. Во 2011 година основаме компанија СИГО-2011 во Р. Бугарија, со основањето на компанија во земја на Европската Унија успеавме да бидеме поконкурентни на пазарот во Европа. Во 2018 година основавме фирма во Р.Словенија со цел да одговориме на промените во правилата за вршење меѓународен транспорт на територија на Европската унија што произлегоа од Мобилити пакетотна мерки, Располагаме со возила кои што ги исполнуваат еуро 6 нормите и не се постари од 6 години, Имаме вработено професионални возачи за управување на нашите камиони. Возачите се со сите потребни обуки за управување на возилата и со сите потребни документи, дозволи и сертификати за работа во Европска унија. Располагаме со професионален и обучен диспечерски персонал. Нашите аспирации се за континуирано зголемување на обемот на работа, согласно со нашите принципи за професионалност кои кореспондираат со капацитетот кој го поседуваме. Се стремиме кон создавање на тим кој ќе чекори по сигурен пат. Нашата компанија функционира на начин каде што почитта, соработката, тимската работа, самоиницијативноста и желбата за просперитет се секојдневни елементи.